А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

by А1он14/03/2025 - 22:441843
Share0

Руската војска соопшти дека го вратила селото Гончаровка во руската област Курск, што е најнов пример за брзо напредување на Москва во областа што украинските сили ја окупираа летото 2024 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Руското Министерство за одбрана објави во соопштение дека руските војници ја „ослободиле“ Гончаровка на периферијата на Суџа, град во Курск за кој Русија тврди дека го презела од украинската војска еден ден претходно. Киев не ги коментираше тврдењата.

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела и нареди на својата војска да ги протера украинските војници од руска територија „што е можно поскоро“. Ова е услов што тој го смета за клучен пред какви било мировни преговори.

„Следните чекори“ кон прекин на огнот и мир во Украина ќе зависат од успехот на неговата војска во протерувањето на украинските војници од Курск, предупреди тој во четвртокот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Украина започна офанзива во областа Курск во август 2024 година како одговор на нападот на Москва на нејзина територија во февруари 2022 година.

Киев на тој начин се надеваше дека ќе ја принуди Русија да ги пренасочи своите трупи од другите делови на фронтот и да ја искористи оваа област како средство за пазарење во случај на мировни преговори.

Но, во последните денови, украинските војници мораа брзо да се повлечат по рускиот пробив.

rusijaukrainaкурск

Би можело да ве интересира

Русија ѝ се закани на Австрија

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 09:19

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

Горан Наумовски06/11/2026 - 13:59

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Горан Наумовски06/11/2026 - 12:57

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Горан Наумовски06/11/2026 - 08:57

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Горан Наумовски06/11/2026 - 07:12

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Горан Наумовски05/11/2026 - 22:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео