Русија призна дека Крим е дел од Украина

Од:

Амбасадата на Русија во Јужна Африка сподели мапа на интернет на која е прикажан илегално анектираниот полуостров Крим како дел од Украина. Целта на објавата беше да се промовира БРИКС како растечка организација.

Наместо тоа, од објавата се појави дека руската амбасада го признава Крим како дел од Украина, пишува Newsweek. Објавата содржела светска мапа на која во границите на Украина се прикажани источните делови на нејзината територија за кои Русија тврди дека ги анектирала, како и Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Сегашните и потенцијалните членови на БРИКС се означени со посебна боја на картата. Основачи на организацијата се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Оваа година, шест дополнителни земји беа поканети да се приклучат на блокот: Етиопија, Аргентина, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Иран.

Украина и нејзините сојузници во Европската унија и НАТО не ги признаваат руските претензии за Крим и источна Украина и повикаа наведените територии целосно да се вратат под контрола на Киев. Откако беше објавено рано вчера, објавата на руската амбасада привлече повеќе од 292.000 прегледи, како и голем број на потсмешливи коментари. Објавата набрзо беше отстранета.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски