Русија: Поправките на мостот на Крим ќе траат до јули 2023 година

Од:

Поправките на мостот што ги поврзува полуостровот Крим и југот на Русија треба да завршат до јули 2023 година, се наведува во документот објавен на веб-страницата на руската влада, пренесе денеска РИА Новости.

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 октомври изјави дека експлозијата на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија е терористички чин, планиран од украинските специјални служби.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во средата објави дека терористичкиот напад на мостот на Крим го организирале Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина и нејзиниот началник Кирил Буданов, а во досегашната истрага се уапсени осум лица, објави Интерфакс.

Како што наведува ФСБ во соопштението, службата привела пет државјани на Русија и тројца државјани на Украина и Ерменија во рамки на истрагата за терористичкиот напад, чиј организатор Москва ја назначи украинската воена разузнавачка служба.

ФСБ соопшти дека истрагата за нападот продолжува, а сите нејзини организатори и соучесници, „вклучувајќи и странски државјани, ќе одговараат во согласност со руските закони“, пренесе Интерфакс.

Иако Киев директно не ја презеде одговорноста за експлозијата, советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак инцидентот на мостот на Крим го нарече „почеток“.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски