Русија подготвена за разговор со НАТО за безбедносен договор

Од:

Москва е подготвена да преговара со НАТО за можноста за склучување договор за спречување опасни воени инциденти, изјави денеска заменикот-министер за надворешни работи на Русија Александар Грушко.

– Изнесовме предлог за напредување во спречувањето опасни воени инциденти. На пример, повикавме на директни консултации на кои би учествувале воени функционери од сите земји кои веќе потпишале договори со нас за превенција на опасни воени инциденти, како и оние кои би сакале да склучат такви договори. Исто така, кажавме, во рамки на Советот Русија-НАТО дека сме подготвени за оваа тема да разговараме со Алијансата како организација, истакна Фрушко.

Тој вели дека Алијансата засега не покажува никакви значи дека е подготвена на такво нешто.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување