Русија планира да ја изложи опремата на НАТО што ја уништи во Украина во близина на западните амбасади

Од:

Русија планира да ја изложи опремата на НАТО што ја уништи во Украина пред амбасадите на западните земји кои ја доставија, изјави денеска претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.

„Особено е интересен предлогот изгорената опрема да се постави до амбасадите на оние земји што ја испраќаат во Украина“, рече Володин, кој издал наредба тоа да се организира, пренесе Ројтерс.

Руските власти постојано ги критикуваа западните земји за снабдување со оружје на Украина, тврдејќи дека ризикуваат да го продолжат конфликтот и да предизвикаат дополнителна ескалација, наведува агенцијата.

Украина бараше оружје за да се одбрани и да ја врати територијата окупирана од руските сили по нападот на Москва во февруари 2022 година, додаде Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

ВИДЕО: Пред точно три години Путин ја почна војната против Украина, светот влезе во нова ера