Руската Федерална вселенска програма предаде на владата во Москва на разгледување нацрт план за развој за идните десет години, во кој се наведува дека од буџетот треба да се обезбедат 305 милиони долари за развивање на клучни компоненти и технологии за нова супер тешка вселенска ракета.
Во документот се наведува дека концептуалниот дизајн на сателитското летало и базата за нејзино лансирање на јавноста треба да се претстават во 2018 година.
Прототипот на оваа супер ракета треба да биде завршен до 2025 година.
Новите производи на руските експерти за вселенските летала треба да имаат носивост до 80 тони во ниската Земјина орбита и до 20 тони во Месечевата орбита.
Според претходните извештаи, руските власти за финансирање на Федералната вселенска програма до 2025 година имаат намера да издвојат 18,27 милијарди долари, а дополнителни 1,44 милијарди треба накнадно да се обезбедат.