Русија планира 2015 година да испрати вселенско летало на Месечината

Од:

Руската вселенска агенција денеска соопшти дека во 2015 година ќе испрати вселенско летало на Месечината од новата лансирна станица на Далечниот Исток на земјата.

Директорот на „Роскосмос“ Владимир Поповкин изјави дека ракетата ќе пренесе возило за вселенски истражувања со опрема наменета за испитувања за постоење вода и собирање примероци од почвата.

Поповкин истакна дека вселенското летало ќе биде лансирано од новиот космодром Восточњи, во областа Амур, во близина на границата со Кина.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во програмата за испитување на Месечината ќе бидат инвестирани милијарда долари.

Единствената руска мисија на Месечината е завршена во 1973 година.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта