Русија: Париската спогодба за климата не може да се исполни без САД

Од:

Париската спогодба за климата не може да се исполни без САД, изјави помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Андреј Белоусов, јави ТАСС.

– Сосема е очигледно дека без учество на САД Париската спогодба ќе биде неефикасна со оглед на тоа што САД се меѓу најголемите емитувачи на штетни гасови, кои го предизвикуваат ефектот стаклена градина, рече тој на маргините на Петербуршкиот економски форум.

– Плановите на Русија, во врска со учеството во Париската спогодба, не зависат од одлуките на нејзините партнери, дури ниту од оние поголемите како САД, рече Белоусов.

Тој додаде дека Русија засега се уште ја анализира оваа одлука.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање