Русија: Отворени сме за соработка со Американците за нуклеарната централа Запорожје

Од:

Руската државна нуклеарна агенција „Росатом“ објави дека не може да ја исклучи идната соработка со САД во окупираната украинска нуклеарна централа Запорожје.

– Доколку руското политичко раководство донесе таква одлука, ние сме подготвени да разговараме за тоа со американската страна, изјави за Интерфакс директорот на Росатом, Алексеј Лихачев.

Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати изјави дека САД треба да го преземат управувањето со нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа.

Според медиумските извештаи, мировниот план на Трамп предвидува враќање на нуклеарната централа во Киев. Нуклеарната централа потоа би произведувала електрична енергија за Украина и териториите окупирани од Русија под американско водство.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не добила никакви американски предлози во врска со Запорожје.

– Доколку ги добиеше, одговорот ќе беше дека Росатом е единствениот одговорен за нуклеарните централи, рече тој.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати во хеликоптерска несреќа во Русија

А1он

Песков: Нема потврда дека ќе се одржи нова рунда преговори за Украина

Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија

Аракчи: САД не побараа, а Иран не понуди суспензија на збогатувањето ураниум

Најголемата нуклеарна централа во Европа работи на единствениот преостанат надворешен далновод

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он