Русија обезбеди два авиони за враќање на руски граѓани кои сакаат да ја напуштат Сирија

Од:

 Два авиони на руското министерство за вонредни ситуации полетаа денеска од Москва и Подмосковјето за Бејрут, за да ги вратат во татковината руските граѓани кои сакаат да ја напуштат Сирија.

Авионите ЈАК-42 и Ил-76 ќе вратат повеќе од 100 руски гаѓани, кои веќе се наоѓаат во Либан, во најголем број жени и деца.

Руски дипломат нагласи дека не станува збор за никаков план за евакуација на руски граѓани од Сирија. Според него причината е дека поради сириската состојба, аеродромот во Дамаск не работи во нормален режим, и голем број Руси што живеат во Сирија побарале од амбасадата во Дамаск да им помогн во патувањето.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ