Русија нуди помош во спасувачката операција во Јужна Франција

Од:

Руското министерство за вонредни ситуации е подготвено да помогне во спасувачката операција на местото на несреќата на авионот Ербас А-320 на француските Алпи, изјави денеска портпаролот на министерството.

Портпаролот истакна дека тим од 50 искусни спасувачи е подготвен да замине за Франција.

– Тие учествуваа во операција за спасување во случајот со малезискиот Боинг МХ370 во Јаванското Море и рускиот „Сухој суперџет“ во планините во Индонезија, нагласи портпаролот, јави ТАСС.

Авион Ербас А-320 кој летал од Барселона до Дизелдорф се урна денеска во планинскиот дел во Јужна Франција.

Германската авиокомпанија „Џерман вингс“, која е нискобуџетна филијала на „Луфтханза“, соопшти дека во авионот имало 150 лица, меѓу кои 144 патници и шест членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија