Министерството за одбрана на Русија денес како неосновани ги отфрли шпекулациите за повлекување на воените лица од нивната база во Сириското пристаниште Тартус.
-Гласините за повлекување од пристаништето Тартус немаат врска со реалноста. Точно е дека во овој момент нема ниту едно воено лице таму, бидејќи сите вработени ги заменија цивилни лица-стои во соопштението на Министерството за одбрана.
Според нив како и претходно Русите работат на пристаништето и никаква евакуација не е на дневен ред.
-Тартус останува и понатаму официјална база и објект за ремонт на руските бродови во Медитеранот, наведе руското министерство.
„Асошиејтед прес“ објави дека Русија го повлече целиот воен персонал од базата и го замени со цивилни лица.
Руското министерство не наведе кога дошло до замена на лицата, колку вработени има таму, ниту која е причината за замена, тврди агенција „Асошиејтед прес“.
Елена Георгиевска