Русија нема да потпише договор на ОН за трговија со оружје

Од:

Русија нема да го потпише новиот Договор на ОН за трговија со оружје со кој е предвидено владите да мора да бидат сигурни дека извозот нема да поттикнува судири, изјави денеска висок руски претставник од Министерството за надворешни работи.

– Одлучивме да не се придржуваме до договорот. Разгледавме се што е за или против и одлучивме да не потпишуваме, изјави Михаил Уљанов кој е шеф на одделението за неширење и контрола на оружје во МНР.

Тој додаде дека договорот е премногу слаб и оти тоа претставува одреден товар за неговите потписници.

– Немаме негативен став кон тој договор. Сепак, не гледаме цел за придружување, додаде Иљанов тврдејчи дека западните држави и Русија веќе имаат на сила контроила на извоз и оти договорот не би бил ефикасен за држави во развој.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран