Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон изјави денеска дека Русија нема да може да му испорача на сирискиот режим противавински ракети С-300 пред 2014 година.
– Ја следиме таа работа со внимателност, но досега немало испораки. Ако ги има, тоа нема да биде пред следната година, изјави Јалон на состанок на парламентарен одбор.
Јалон не даде детали за датумот споменат во изјавата. Пред неколку дена тој изјави дека Израел ќе знае што да направи ако Русија испорача ракети за Сирија.