„Русија не планира да ги напушти окупираните територии во Украина“

Од:

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог изјави дека Русија не планира да ги напушти окупираните територии на Украина, но легално тие остануваат дел од Украина.

„Русија нема да се откаже од контролата врз привремено окупираните територии на Украина, иако де јуре тие не се дел од Руската Федерација“, изјави Кит Келог, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, во интервју за Фокс њуз.

Според него, во секое разрешување на војната важно е да се направи разлика помеѓу фактичката и правната контрола. Така, Русите се физички присутни на окупираните територии и не планираат да ги напуштат, но легално овие територии остануваат дел од Украина.

“Де факто тоа значи дека тие физички ја окупираа територијата и нема да ја напуштат. Но, де јуре, не можеме да кажеме дека целосно ја анектираат. Меѓународната заедница не ја признава оваа територија како дел од Русија. Тоа се тешки дискусии кои допрва треба да се водат”, рече американскиот дипломат.

Тој нагласи дека за да се најде политичко решение потребно е да се разберат позициите и на Украина и на Русија и да се најде компромис кој барем делумно ќе ги задоволи двете страни.

“Мислам дека треба да го добиеме она што може да го наречете технички бриф. Што сакаат Украинците? Што сакаат Русите? Тогаш вреди да се соберат тие позиции и да се најде опција која може да ги задоволи двете страни. Но, се разбира, ниту една од нив нема да добие се што сака”, заклучува Келог.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинските пилоти очајни: Тактиките на НАТО не функционираат

Предраг Петровиќ

По ударот со „орешник“, Украина бара да се прогласи нападот за воено злосторство

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Половина Киев е без греење, Кличко повика жителите да го напуштат градот

ВИДЕО: Русите ја погодија амбасадата на Катар во Киев

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите употребија „Орешник“ како одмазада за нападот на резиденцијата на Путин

Катерина Ѓуровски

Русија: „Нуклеарната централа Запорожје е руски објект, нема заедничко управување“