Русија го назначи генерал-полковник Александар Лапин за нов началник на Генералштабот на руските копнени сили, јавува руската државна новинска агенција Тас.
Тој беше назначен и покрај критиките за неговата позиција како командант на Централниот воен округ на Русија, пренесува Ројтерс. Тој беше критикуван од сојузниците на Владимир Путин за поразот на руските сили во Лиман, во источна Украина.