Русија многу наскоро ќе започне со испорака на систем за воздушна одбрана С-300 во Иран, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.
Како што пренесуваат руските медиуми, Иран е заинтересиран и за купување на уште помодерен систем С-400, но се уште не се водат преговори за тоа.