Русија ќе лансира нов сателит

Од:

По години одложување, Русија е подготвена годинава да го лансира првиот сателит од новиот систем кој треба да ја замени досегашната мрежа за рано предупредување, јавуваат руските медиуми. Новиот сателит ќе функционира и како систем за комуникации во вонредни околности, пренесува Раша тудеј.

Сателитот е развиен за војската, што значи дека многу малку се знае за него. Познат само според ознаката „Продукт 14Ф142“, се очекува дека ќе биде лансиран при крајот на 2014, јавува весникот Комерсант.

Вселенското летало ќе биде првиот дел од ситемот кој треба да го замени стариот Око-1, кој ѝ овозможува на Русија да ги набљудува земјите кои поседуваат нуклеарни балистички проектили и да открива потенцијални лансирања.

Око-1 во моментов е во лоша сотојба. За да биде целосно оперативен, потребни му се четири сателити посатвени во висока елиптична орбита, наречена орбита Молња, што би овозможило постојано покривање на интересните зони, и дополнителен помошен сателит во геосинхрона орбита. Русија го загуби последниот помошен сателит во април годинава и нема лансирани замена за главните сателити од 2008 година, од кои само два се оперативни.

Руската војска тврди дека земјената мрежа од радарски станици за рано предупредување, која во изминатите неколку години била значително надградена, е довлно силна за да компензира за „мртвата точка“ во вселенските компоненти, но тие може да не се сосема искрени.

Замената за Око-1, ЕКС (Единствен Вселенски Систем), се развива барем од 2000 година и првите вселенски тестирања првично биле планирани за 2009 година. Но проектот доживеал низа одложувања, критики од страна на јавноста како и судска борба меѓу руското министерство за одбрана и вселенската корпорација Енергија, кој ги изработува платформите за сателитите. Сега Комерсант пишува дека споровите и пречки се минато, и дека сателитот е речиси подготвен за лансирање.

Сателитот 14Ф142 ќе биде лансиран со ракета Сојуз-2.1б и модул од третата фаза Фрегата до орбитата Тундра – која е еклиптична орбита слична на Молња, но двојно подолга. Изворот на Комерсант тврди дека инструментите развиени од компанијата Комета ќе можат да детектираат лансирања на балистички проектили од подморници и лансирања на некои крстосувачки проектили.

Покрај тоа што ќе може да ги детектира лансирањата, сателитот ќе може да ги пресметува и параметрите на летот на проектилите, што ќе биде корисно за земјените радарски станици што ќе ги „ловат“. Преку него ќе може да се проследуваат комуникациски функции за војската, овозможувајќи ѝ на нуклеарната команда наредување возвратен нуклеарен удар, доколку нештата станат толку лоши, пишува Комерсант.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина