Русија ќе го протера приведениот естонски конзул

Од:

Руското Министерство за надворешни работи издаде наредба конзулот на Естонија, Март Лате, да ја напушти Русија во следните 48 часа, беше соопштено на состанокот во руското МНР со советникот во естонската Амбасада, Ула Уибо, пишува Taсс.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) вчера соопшти дека естонскиот конзул во Санкт Петербург, Март Лате, бил приведен при примање доверлив материјал од руски државјанин.

Специјалната служба истакна дека оваа активност не е во согласност со однесувањето на дипломатскиот работник и дека оваа акција очигледно била непријателска кон Руската Федерација.

Естонската министерка за надворешни работи Ева-Марија Лимец изјави дека приведувањето на конзулот е провокација и дека е убедена дека тој ја извршувал својата работа како што треба и дека обвинението е неосновано.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина