Во врска со прогнозите за пожари на Далечниот Исток, руското Министерство за одбрана ангажира група од над 38.000 лица, 4.500 единици техника, 40 авиони и хеликоптери во борбата со сезонските шумски пожари и други природни катастрофи во земјата.
– Војската ќе работи заеднички со силите од Министерството за вонредни состојби и други институции, изјави заменик-министерот за одбрана генерал Аркадиј Бахин.
Федералната агенција за шумско стопанство „Рослесхоз“ регистрирала 70 шумски пожари на вкупна површина од 9.206 хектари во Нижегородска и Свердловска област, во републиките Бурјатија, Тува и Хакасија, во редица други сибирски и далекуисточни региони.