Русија, Кина и Иран најавија заеднички поморски вежби

Од:

Русија, Кина и Иран најавуваат заеднички поморски вежби пред крајот на март. Оваа информација со јавноста ја сподели командантот на иранската морнарица, контраадмирал Шахрам Ирани, кој ги покани и другите земји да учествуваат во овие вежби.

„Ги покануваме другите земји да учествуваат во поморските вежби на Иран, Кина и Русија, кои ќе се одржат пред крајот на март“, рече Ирани. Тој вели дека претстојната вежба на трите земји има за цел да обезбеди регионална безбедност, пренесува агенцијата Тасним.

Ова не е првпат овие три земји да одржат заеднички вежби. Во март минатата година, Русија, Кина и Иран спроведоа трилатерални вежби наречени „Поморски безбедносен појас 2023“ во Арапското Море, во близина на иранското пристаниште Чабахар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала