Русија ја раскина спогодбата со САД за соработка во спроведувањето на законот и контрола на наркотиците, потпишана пред 11 години, што е уште еден знак за влошување на односите меѓу двете земји.
Во налогот, кој го потпиша премиерот Дмитриј Медведев и кој вчера беше објавен на сајтот на Владата се наведува дека оваа спогодба „не одговара на моменталната фактичка состојба и оти ги исцрпела своите можности“.
Дел од спогодбата, потпишана на 25 септември 2002 година, се однесува на пружање финансиска помош од страна на САД кон релевантните руски институции за проекти во борба против криминалот.
Во соопштението на сајтот на руската Влада се наведува дека на Министерството за надворешни работи му е наложено за прекинот на спогодбата да ги информира американските власти.
Москва е незадоволна поради законот, кој во САД беше усвоен минатата година, а со кој се воведуваат санкции за сите граѓани на Русија, кои се обвинети за кршење на човековите права. Руските власти на тоа реагираа со законот со кој се воведуваат слични мерки и се забранува руски деца да бидат посвојувани од американски семејства.