Русија ја предупреди Украина: Ви се заканува катастрофа

Од:

Москва и Киев разменија меѓусебни обвиненија за прекршување на договорот за примирје, а Русија предупреди дека обновата на судирите со проруските сепаратисти на исток на државата, ќе предизвика катастрофа за Украина, пренесуваат агенциите.

Украина ја обвини Русија дека испратила војска и вооружување за бунтовниците, за да покренат нова офанзива во судирот во кој до сега загинаа повеќе од 4.000 лица.

Напливот на насилство, кршењето на примирјето и извештаите за необележани воени конвои кои се движат од правец на границата со Русија, го зголемија стравот дека примирјето може да пропадне.

Москва ги отфрла обвиненијата дека во последните неколку дена испратила војска и тенкови и истакнува дека единствен излез од кризата е почитување на протоколот за примирје од Минск.

-Примирјето не смее да пропадне, тоа би било катастрофа за Украина- рече портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи, Александар Лукашевиќ, пренесе „Ројтерс“.

Во четврток се зголеми и меѓународниот притисок на Русија, кој се заканува со нови санкции откако НАТО потврди дека руски единици влегле на исток Украина.

Портпаролката на американскиот Стејт Департмент, Џен Псаки изјави дека Вашингтон ќе продолжи да работи со ЕУ на воспоставување нови санкции за Русија, додека германската канцеларка Ангела Меркел рече дека ЕУ не предвидува нови мерки за Русија, но дека постои можност од продолжување на списокот на проруските функционери против кои веќе се покренати санкции.

Неименуван украински функционер задолжен за безбедност вели дека според проценките околу 8.000 руски војници се наоѓаат на украинска територија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион