Русија ја повика Украина да не влегува во НАТО

Од:

Русија денеска ја повика Украина да не влегува во НАТО, наведувајќи дека неврзаниот статус е во нејзин најдобар интерес.

– Нема сомнение дека неврзаниот статус на Украина е значаен не само заради обезбедување на стабилноста во евроатлантската зона, туку е и основен национален интерес на украинскиот народ, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Лавров изјави дека Русија веќе подолго време предлага донесување обврзувачка спогодба што ќе го почитува принципот на неделивост на безбедноста, но Западот не ја прифаќа оваа идеја, пренесоа француските медиуми.

Лавров изјавата ја даде откако портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, за британската медиумска куќа Би-Би-Си, изјави дека Русија бара стопроцентни гаранции дека никој нема ни да помисли за влез на Украина во НАТО.

Рускиот министер за надворешни работи додаде дека за нив не се доволни вербалните гаранции на Западот дека НАТО нема да се шири кон исток.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион