Русија ја осуди испораката на оружје од Либија за Сирија

Од:

Неовластената испорака на оружје од Либија за Сириската опозиција претставува сурово кршење на меѓународното ембарго за трговија со оружје со Либија, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува Итар-Тас.

– Изразуваме силна загриженост поради неодмана објавените информации од авторитетни медиуми како „Њујорк тајмс“ и „Ројтерс“ за неовластени испораки на оружје од Либија за Сириската вооружена опозиција преку Катар и Турција, се наведува во соопштението на Министерството.

Русија поднесе петиција до Комитетот за санкции при Советот за безбедност на Обединетите нации за покренување истрага во однос на изнесените информации, се вели во соопштението, изразувајќи надеж дека Комитетот ќе преземе акција и ќе спроведе непристрасна и праведна истрага.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала