Русија ја напаѓа сириската опозиција, а не ИД, според француски дипломатски претставник

Од:

Руските воздушни напади во Сирија изгледа имаат цел да го поддржат претседателот Башар ал Асад, доколку се насочени против опозициските групи, а не против групацијата Исламска држава, изјави француски дипломатски извор, јави БТА.

– Доколку станува збор за Хомс, тие не се насочени против ИД, туку најверојатно против опозициските групи, што потврдува дека тие се повеќе за поддршка на режимот на Асад, отколку за борба против ИД, изјави истиот извор.

Во денешните воздушни напади во Сирија се убиени најмалку 36 цивили и се погодени региони, во кои нема присуство на ИД и на екстремисти поврзани со Ал Каеда, изјави лидерот на опозициската Сириска национална коалиција, Халед Хоџа, која ја има поддршката на Западот.

– Сите убиени во денешниот руски воздушен напад над северен Хомс беа цивили, напиша Хоџа на налогот на Твитер.

Тој прецизира дека цивилите биле убиени во пет различни регион.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала