Русија ја нападна Одеса со балистички ракети и дронови

Од:

Руските војници ја нападнаа Одеса со балистички ракети и беспилотни летала синоќа, при што беа повредени шест лица, изјави денес началникот на Воената администрација на градот Одеса, Серхиј Лисак.

Лисак во објава на Телеграм изјави дека, според прелиминарните информации, рускиот напад предизвикал штета на станбени згради и инфраструктура, пренесува Укринформ.

„Познато е дека шест лица се повредени во непријателскиот напад врз Одеса. Им се пружа сета потребна помош“, рече Лисак.

Тој додаде дека станбени згради и автомобили се уништени во неколку делови од градот.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина предупредија на закана од употреба на балистичко оружје во регионот Одеса во текот на ноќта, а во тој регион беше прогласена воздушна тревога поради заканата од руски беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија