Русија изврши уште еден голем напад на енергетската инфраструктура низ Украина

Од:

Во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот Русија изврши уште еден голем напад на енергетската инфраструктура низ Украина.

Воздушна опасност е прогласена на територијата на цела Украина, додека медиумите јавуваат за експлозии во Дњепропетровск, Хмелницки, Лавов, Ивано-Франковск и Черкаси.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко изјави дека руски ракети и беспилотни летала повторно ги нападнале енергетските објекти.

– Нов масовен напад врз нашиот енергетски сектор. Овој пат, непријателот цели на објекти во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси. Цел на нападите се особено капацитетите за производство на електрична енергија. Енергетските работници и спасувачите веќе работат на отстранување на последиците – напиша Галушченко на својата страница на социјалната мрежа Фејсбук.

Нападот започна нешто по полноќ со напад со дрон.

– Околу 50 беспилотни летала влегоа во неколку бранови од север и југ и ги погодија хидроцентралите Среднепровска и Каневскаја и термоцентралите Криви Рог и Днепар. Погодени беа и трафостаници и воени инсталации – вели воениот експерт Јуриј Подољак, додавајќи дека списокот на погодени објекти најверојатно ќе се прошири во текот на денот.

Стратешките бомбардери Ту-95МС потоа истрелаа крстосувачки ракети Х-101. Подољак наведува дека при нападот биле пукани и „искандери“.

– Нападите беа извршени во реонот на хидроцентралата Кременчуг. Нема информации дали имало напади врз хидроцентрали и термоелектрани во областа на самиот Киев. Изгледа уште не. Чекаме да се појават информации за штетата. Но, се чини дека ударот е споредлив по сила со ударот на 22 март. Сега се погодени помалку значајни објакети, но ударот е многу болен – вели Подољак.

Нападот на 22 март, за потсетување, уништи 50 отсто од инфраструктурата на енергетската компанија ДТЕК, а за обновувањето ќе трае со години.

Украина соопшти дека Русија лансирала 26 проектили и 58 беспилотни летала во текот на ноќта и дека противвоздушната одбрана пресретнала повеќето цели.

Поради нападот, Полска ја подигна сопствената и сојузничката авијација, додека според засега непотврдени информации, две руски ракети го повредиле воздушниот простор на Молдавија.

Би можело да ве интересира

Русија: Соборен е украински Су-27, загинаа повеќе од 580 украински војници

Масовен руски напад на Украина, се користи авијација, ракети и артилерија

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шмихал: САД ќе и обезбедат на Украина 15 милијарди долари од замрзнатите руски средства

А1он

„Цезар“, водачот на руските саботери сака да го смени Путин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украина: Убивме тројца руски генерали со ХИМАРС