Русија изврши нов напад со дронови врз Украина

Од:

Русија изврши напад со беспилотни летала врз Украина во текот на ноќта, при што загина еден цивил, а рани четири лица во регионот на Киев, соопштија воени и регионални претставници. Украинската противвоздушна одбрана собори 60 од 93 руски беспилотни летала, објавија военото воздухопловство.

Никола Калашњик, вршител на должноста гувернер на регионот Киев, изјави дека возачот на камионот загинал од остатоците од дрон. Од урнатините оштетени се и неколку приватни куќи, при што се повредени четири лица, меѓу кои и едно 16-годишно момче, рече тој.

Воздухопловните сили соопштија дека руските беспилотни летала биле насочени кон девет украински региони низ целата земја. Оштетени се станбени куќи и деловни објекти во областа Доњецк на исток и Чернихив на север, соопшти армијата.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели