Русија: Извештајот на ОН е пристрасен

Од:

Русија ги доби доказите дека режимот во Сирија, поточно бунтовниците користеле сарин и оцени дека извештајот на ОН за хемискиот напад е пристрасен.

-Ни ги дадоа доказите. Тоа е вистина, но сега мора добро да ги анализираме-изјави заменикот на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

Што се однесува до извештајот на ОН, Рјабков истакна дека Русија е незадоволна, дека истиот е изменет и политички, ја има само едната страна, како и дека на основата на која што е изграден нема доволно податоци.

-Потребно е да знаеме многу повеќе за случувањата во август-изјави тој.

САД внимателно ќе го следи планот за Сирија

Американскиот државен секретар, Џон Кери изјави дека САД внимателно ќе го следат секој чекор за остварување на планот за уништување на хемиско оружје во Сирија, при што и понатаму ќе го држи под контрола сирискиот режим.

Кери на синоќешниот состанок ги информираше членовите на Одборот за надворешни работи на Сенатот за стратегијата за отстранување на хемиското оружје во Сирија, која минатата недела ја договори Русија во Женева.

Пронаоѓањето е изводливо, но тешко

Шефот на тимот на истражување на ОН, Аке Селстром изјави дека е тешко да се пронајде и уништи целото хемиско оружје, но нагласи дека тоа сепак е можно.

-Тоа е изводлива, но тешка и стресна работа-нагласи тој и додаде дека многу нешта зависат од тоа дали режимот на Асад и опозицијата ќе сакаат да преговараат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата