Руското Министерство за вонредни ситуации испрати дополнителни 100 спасувачи и 30 парчиња опрема во поплавените подрачја на Дагестан, соопшти прес-службата на министерството.
Како што е наведено, по наредба на надлежниот министер Александар Куренков, спасувачките екипи од Центарот за спасување Дон беа испратени во неколку погодени општини за да помогнат во санацијата на последиците од поплавите и да работат во зоната на вонредна состојба, објави ТАСС.
Во Дагестан беа поплавени повеќе од 1.000 станбени згради, повеќе од 1.100 градинарски парцели и 70 патни делници во шест општини и осум населби, додека во неколку области сè уште се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија, гас и вода.
Локалните власти објавија дека жител на Дагестан, кој спасил повеќе од 20 луѓе за време на поплавите, добил стан и парична награда од 55.000 евра, а исто така е објавено дека тој ќе стане асистент на пратеникот на Државната дума Хизри Абакаров.
Според пратениците, наградата е доделена на иницијатива на сенаторот Сулејман Керимов, додека спасувањето е опишано како „херојски чин за време на природна катастрофа во регионот“.
Куренков вчера на средбата со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека шест лица загинале во поплавите во Дагестан, додека повеќе од 200 луѓе се спасени.
Тој рече дека регионот бил погоден од повторените ефекти на циклонот од 4 до 5 април.
Путин рече дека ситуацијата со поплавите и нивните последици во Дагестан мора да бидат под постојан мониторинг.
