Русија има право да распореди нуклеарно оружје на Крим, оцени официјален претставник на Москва

Од:

Русија има право да распореди нуклеарно оружје на полуостровот Крим, кој Москва го анектира минатата година, изјави Михаил Уљанов, заменик директор на одделот одговорен за неширење и контрола врз оружејто при руското Министерство за надворешни работи.

– Москва има право да постави нуклеарно оружје на цела територија на Русија, вклучувајќи го и Крим. Не знам дали сега има на Крим некакво нуклеарно оружје, ниту дали има планови за распоредување на истото, но во принцип Русија може тоа да го спроведе на полуостровот, истакна Уљанов.

Тој нагласи дека Руисја е подготвена за нов договор за контрола на конвенционалните вооружени сили во Европа.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски