Русија и Северна Кореја потпишаа Сеопфатен договор за стратешко партнерство

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска во Пјонгјанг го потпишаа Сеопфатниот договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

„Договорот за сеопфатно партнерство потпишан денеска, меѓу другото, предвидува взаемна помош во случај на агресија врз една од страните на овој договор“, рече Путин.

Путин го привлече вниманието на изјавите на Соединетите Држави и другите земји од НАТО кои се согласија да и дозволат на Украина да напаѓа цели во Русија со оружје што го испорачува Западот.

„Ова не се само изјави, тие веќе се случуваат и сето тоа е грубо кршење на ограничувањата што западните земји ги презедоа како дел од различни меѓународни обврски“, рече Путин.

Путин и Ким го потпишаа документот на крајот од разговорите меѓу делегациите на двете земји со учество на двајцата претседатели, пренесе РИА Новости.

Рускиот лидер го нарече претходно подготвениот документ фундаментален и истакна дека тој ќе ја претставува основата на односите меѓу Русија и Северна Кореја многу години.

Би можело да ве интересира

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Путин: Некои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, заборавајќи како таа заврши

Горан Наумовски