Русија и Саудиска Арабија потпишаа договор за продажба на оружје

Од:

Русија се договори со Саудиска Арабија да и испорача ракетен систем С-400.

– Потврдуваме дека, со Кралството на Саудиска Арабија постигнавме договор за испорака на систем за ПВО С-400, противтенковски ракети „Корнет- ЕМ“, систем TOС-1A, AГС-30 автоматски фрлачи на гранати, и пушки АК-103 Калашников, се вели во соопштението на Федералната служба за воена техничка соработка.

Во меѓувреме се огласи Кремљ, бранејќи го договорот за продажба на руски против воздушен систем С-400 на Саудиска Арабија, вели дека тоа не е закана за ниту една друга земја.

На новинарско прашање, дали дали договорот претставува потенцијална закана за Иран, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека, договорот за продажба на системите С-400 на Ријад „не е насочен против трети земји”.

Саудиска телевизијата „Ал Арабија” минатата недела, за време на посетата на Москва на саудискиот крал Салман, објави дека Саудиска Арабија постигнала договор со Русија за купување на рускиот ракетен систем С-400, наведувајќи дека двете страни потпишаа меморандум за разбирање, за да може на Ријад да му се помогна во напорите да развие своја воена индустрија.

Пред тоа, рускиот заменик- премиер Дмитриј Рогозин, изјави дека Саудиска Арабија покажала интерес за купување на рускиот ракетен систем С-400, откако Турција за истиот систем за ПВО, веќе плати аванс.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта