Русија и Кина разгледуваат заеднички мерки против Starlink, меѓу нив и уништување на сателити

Од:

Русија и Кина изработиле заеднички план за спротивставување на американската сателитска мрежа Starlink, а документи од 2023 година покажуваат дека меѓу предложените мерки се споменува и физичко уништување на сателити во орбитата.

Како што објавува The Insider, повикувајќи се на заедничка истрага со Der Spiegel и Le Monde, новинарите дошле до документи кои се однесуваат на руско-кинеската воено-техничка соработка.

Меѓу нив се четири презентации претставени во ноември 2023 година на Третиот кинеско-руски форум за воено-техничка соработка во Гуангжу, како и билатерален работен протокол што ги сумира разговорите одржани во Москва во јуни истата година.

Документите опфаќаат пет области на соработка: вселенско оружје и способности за уништување сателити, интегрирани системи за противвоздушна и противракетна одбрана, автономна муниција што дејствува во роеви, оклопни борбени возила од нова генерација и воена авијација.

Според овие материјали, кинеската страна им предложила на руските партнери низа мерки против Starlink – од правни и административни механизми до физичко уништување на сателити.

На затворен состанок во кинескиот град Гуангжу, едно од главните прашања било како да се неутрализира мрежата Starlink.

Посебна презентација посветена на оваа тема била подготвена на кинески и руски јазик, а, според извештајот, бројни јазични грешки во рускиот текст укажуваат дека документот го изработила кинеската страна.

Презентацијата ја одржале Хуанг Хуи и Рен Џие од државната компанија China Aerospace Science and Technology Corporation, главниот кинески изведувач во вселенскиот сектор. Документот бил означен како материјал „само за интерна употреба“.

Првата фаза од планот предвидува заеднички правен и дипломатски притисок од Русија и Кина. Главниот аргумент е дека големиот број сателити на Starlink во ниската Земјина орбита го зголемува ризикот од судири, поради што се предлага формирање меѓународна коалиција која би барала регулаторни ограничувања за понатамошното ширење на мрежата.

Втората фаза подразбира заедничко поднесување барања за фреквенциски опсези и орбитални позиции неопходни за идното проширување на Starlink.

Би можело да ве интересира

Русија имa проблем со недостиг на гориво – на луѓето им се советува да работат од дома

А1он

Лавров: Решавањето на конфликтот меѓу САД и Иран мора да ги земе предвид интересите на другите страни

Дрон се урна во рафинерија за нафта во Краснодарската област и предизвика пожар

Ројтерс: Путин се подготвува за ескалација на војната во Украина

ФСБ: Спречен е атентат врз висок функционер во Министерството за одбрана на Русија

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница