Русија денеска ја предупреди Франција на сериозните последици доколку Париз не и ги испорача до крајот на овој месец воените бродови „Мистрал“.
– Се подготвуваме за различни сценарија. Ќе чекаме до крајот на месецот, а тогаш ќе изнесе посериозни тврдења, изјави висок руски претставник.
Францускиот премиер Мануел Валс изјави за време на посетата на Белград дека се уште не се создадени услови за Франција да и ги испорача на Русија двата воени носачи на хеликоптери „Мистрал“.
Франција веќе со месеци се соочува со потешкотии поради договорот за продажба на двата воени брода на Русија. Од една страна можната испорака на „Мистрал“ наидува на негодување кај француските сојузници со оглед на европските санкции кон Русија поради украинската криза, а од друга страна на Франција и се закануваат големи загуби доколку не ги испочитува обврските содржани во договорот.