Русија: Гранатиран е руски град на границата со Украина, повредени четири лица

Од:

Четири лица се повредени денеска при гранатирање на руски град во областа Брјанск на границата со Украина, изјави регионалниот гувернер. Инцидентот се случил во градот Клинци, на околу 50 километри од украинската граница.

„Според прелиминарните информации, неколку куќи се оштетени, а четири лица се повредени“, напиша гувернерот Александар Богомаз на Телеграм, пренесува Sky News.

Жителите на градот објавија на социјалните мрежи снимка од руски воен хеликоптер кој лета над градот по гранатирањето и објавија дека е прекинато снабдувањето со вода и електрична енергија.

Официјални лица во руските региони кои граничат со Украина пријавија случаи на прекугранично гранатирање во последните недели, кои оштетија станбени згради и повредија неколку луѓе.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски