Русија гради слетна писта во близина на воен аеродром во Сирија

Од:

Русија гради писта за слетување на авиони во близина на воен аеродром во Сирија, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на најпознатата сириска организација за мониторирање на конфликтот.

Според Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондин, а кој располага со широка мрежа различни извори низ земјата, „руските сили градат долга писта, што може да прифати големи авиони, во близина на воениот аеродром Хемејмим“ во крајбрежната провинција Латакија“, која важи за бастион на режимот на претседателот Башар ал-Асад.

„Русите не им дозволуваат на Сиријците, цивили или војници, да влезат во оваа зона“, посочува организацијата.

Центарот тврди дека во последните недели воени авиони слетувале на овој аеродром „со воена опрема и стотици руски воени советници и техничари“.

– Русите, освен тоа, се на пат да го прошират аеродромот во Хамидие, што вообичаено се користи за прскање на земјоделските површини со пестициди, рече директорот на организацијата Рами Абдел Рахман.

Овој објект се наоѓа во Тартус, втората крајбрежна сириска провинција, која, исто така, е бастион на режимот на Асад.

Центарот овие информации ги лиферува откако почна полемиката за евентуалното засилување на военото присуство на Русија во Сирија. Москва, главниот сојузник на режимот во Дамаск, владините сили на Асад ги снабдува со оружје, откако тие во последно време загубија територии од џихадистите.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски