Русија гради голема нова база на Крим, тврди германски „Шпигел“

Од:

Русија распоредува десетици илјади војници на границата со Украина во изминатите недели, а германскиот весник „Шпигел“ денеска објави дека сателитски снимки покажуваат како на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година, Русите изградиле голема нова воена база.

Весникот прецизира дека воениот објект е изграден во источниот дел на полуостровот, на околу 30 километри од селото Марфовка.

Сателитските снимки кои му се достапни на „Шпигел“ покажуваат дека таа област била празна на 15 март. Од 2 април таму е забележано распоредување на војници и воена опрема. На 13 април, веќе можело да се видат изградени објекти и акумулирање на значителни воени ресурси.

Фотографии на социјалните мрежи од изминатите недели покажуваат дека ракетна опрема и тенкови се пренесуваат преку Кримскиот мост, кој го спојува руското копно со Крим преку Керчскиот Теснец.

Освен на Крим, Русија префрла и гради времен воен камп во близина на Воронеж. Таму се концентрирани тенкови и камиони, истакна Руслан Левиев, аналитичар на Conflict Intelligence Team.

Тој посочува дека тоа е најголема акумулација на руска воена моќ на границата со Украина од 2014 година.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала