Русија го поддржа унапредувањето на статусот на Палестина, Германија воздржана

Од:

Иран како чекор напред го оцени унапредувањето на статусот на Палестинската автономна власт (ПАВ) во ОН од набљудувач во држава нечленка набљудувач, пренесоа француските медиуми.

Гласањето во Генералното собрание на светската организација „докажува дека ционистичкиот режим е нелегитимен“, изјави иранскиот заменик министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахан.

Тој забележа дека Иран унзпрадувањето на статусот на Палестина во ОН го прима како првична етапа кон „придобивање на полниот суверениотет на Палестинците врз нивните историски земји, кои им беа одземени, кон враќањето на палестинските (бегалци) во нивните домови и продолжување на отпорот кон ционистичкиот режим“.

Иран традиционално е против надминување на израелско-палестинскиот конфликт врз основа на заедничкото постоење на две држави, потсетуваат агенциите.

Русија изрази надеж дека по унапредувањето на статусот на Палестинците во ОН израелско-палестинските мировни преговори ќе бидат обновени во најкраток рок, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на изјавата на руското Министерство за надворешни работи.

Прифаќањето на резолуцијата треба да биде повод за најскоро обновување на дијалогот меѓу Израел и ПАВ, повика германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, цитиран до ДПА.

Русија го поддржа унапредувањето на статусот на Палестина во ОН, а Германија се воздржа при гласањето.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја