Русија го гранатираше јужниот дел на Украина, одбиен е напад во Запорожје тврди украинската војска

Од:

Руските сили вчера го гранатираа јужниот регион Херсон и други делови на Украина, при што загинаа најмалку две лица, а десетици беа ранети, соопштија украинските власти.

Олександр Прокудин, гувернерот на Херсон, рече дека еден човек е убиен во руското гранатирање на северниот дел од регионот. Прокудин претходно објави дека десетина луѓе биле ранети во напади на различни места.

Руските трупи го напуштија градот Херсон и западниот брег на реката Днепар во регионот кон крајот на минатата година, но сега редовно ги гранатираат тие области од позициите на источниот брег.

Во североисточниот регион Харков, гувернерот Олех Синехубов изјави дека еден човек загинал во гранатирање во близина на руската граница.

Украинскиот Суспилне пренесува, повикувајќи се на вооружените сили, дека Украинците одбиле руски напад во Новопрокопивка во областа Запорожје и дека имале делумен успех во блискиот Вербове.

Би можело да ве интересира

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски