Русија ги презема сите мерки да спречи ширење на коронавирусот на МВС

Од:

Русија, како единствена земја која моментно испраќа свои екипажи во орбитата, презема строги антиепидемиски мерки со цел да спречи ширење на коронавирусот во Меѓународната вселенска станица (МВС), изјави заменик шефот на медицинскиот оддел при Центарот за обука на космонаути, Владимир Матвејев.

Лансирањето на Сојуз-2.1а од космодромот Бајконур со Сојуз МЅ-16 и тројца членови на новата експедиција на МСВ е планирано за 9 април.

Моментно главните и резервните екипажи се наоѓаат во Ѕвездениот град, во близина на Москва, и треба да стигнат на космодромот на 24 март поради натамошна обука.

Според Матвејев, руските космонаути и астронаутите на НАСА ќе бидат ставени во карантин во Бајконур, а ќе се воведат и строги ограничувања за пристап до нив. Сите состаноци ќе бидат ограничени, а оние кои се наоѓаат на космодромот ќе можат да комуницираат со членовите на екипажот и со експертите од карантинот само преку стакло.

– На сите им е забрането да ја напуштат зоната на изолација, нагласи Матвејев.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени