А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Русија ги осуди нападите на САД врз Иран

by А1он22/06/2025 - 14:34687
Share0

Нападите на САД врз Иран грубо го кршат меѓународното право и Повелбата на ОН, објави руското Министерство за надворешни работи и повика на прекин на агресијата на Блискиот Исток и зголемување на напорите за враќање на ситуацијата во политички и дипломатски колосек.

Добивај вести на вибер

„Повикуваме на прекин на агресијата и зголемување на напорите за создавање услови за враќање на ситуацијата во политички и дипломатски тек“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи по американските напади врз нуклеарните постројки во Иран.

Неодговорната одлука на САД да го подложи Иран на ракетни и бомбардирачки напади е грубо кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН, а особено е алармантно што нападите ги изврши земја која е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, објави руското Министерство, пренесува РИА Бовости.

„Неодговорната одлука да ја подложи територијата на суверена држава на ракетни и бомбардирачки напади, без оглед на аргументите што се користат за да се оправда тоа, грубо го крши меѓународното право, Повелбата на ОН и резолуциите на Советот за безбедност на ОН, кои претходно недвосмислено ги квалификуваа таквите дејствија како неприфатливи“, се вели во соопштението.

iranrusijasad

Би можело да ве интересира

Трамп: Започнавме операција за деминирање во Ормутскиот теснец. Иран: Не помина нуту еден брод

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 20:1811/04/2026 - 20:19

Напредок на преговорите во Исламабад, Иран ги обвини американските медиуми за поттикнување тероризам

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 20:13

Американски воени бродови поминаа низ Ормутскиот теснец. Иран: Повлечете се, имате 30 минути

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 15:5811/04/2026 - 15:58

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:35

Примирјето во Украина започнува денес

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:19

Американскиот и иранскиот тим пристигна во Исламабад, почнуваат преговорите

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 09:4511/04/2026 - 13:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто