Русија ги обвини САД дека „глумат“ борба против Исламската Држава

Од:

Русија ги обвини САД дека „глумат“ дека војуваат против Исламската држава во Ирак, а всушност им дозволуваат на исламистите да се префрлат во Сирија и да ги напаѓаат позициите на сириската армија.

– Сите гледаат дека коалицијата предводена од САД глуми дека се бори со ИД, пред се во Ирак. Постојаното уфрлање на терористи од Ирак во Сирија отвора сериозни прашања за целта на операциите против терористите, кои во овој регион ги вршат воздухопловните сили на САД и на така наречената меѓународна коалиција, изјави генерал Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

По падот на Алепо во Сирија и Мосул во Ирак, како и опсадата на сирискиот град Рака, исламистите на ИД се сконцентрирани во околината на Деир ез Зор, на границата меѓу двете Ирак и Сирија. Русија тврди дека нивните сојузници од сириската армија, која е лојална на Башар ал Асад, се обидува да ги потисне исламистите од сириската страна на границата, но дека тие постојано добиваат засилувања од Ирак. Притоа, Конашенков обвини дека САД, кои се активни во Ирак, го дозволуваат уфрлањето на исламисти во Сирија.

Русија претходно ги обвини САД дека дозволуваат нивната воена база на границата меѓу Јордан и Сирија да служи како слободна зона за исламистите на ИД.

Би можело да ве интересира

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања