Русија ги нападна украинските одбранбени објекти користејќи ракети Кинжал

Од:

Руските сили извршија масовен напад врз украинските одбранбени објекти, користејќи високопрецизно оружје со долг дострел, вклучително и хиперсоничниот ракетен систем Кинжал, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Тасс.

„Вооружените сили на Руската Федерација извршија масовен напад врз украински артилериски гранати од 155 mm, 152 mm и 125 mm, производствени капацитети за барут и беспилотни летала, користејќи прецизно ударно оружје со долг дострел вклучувајќи го и хиперсоничниот ракетен систем Кинжал“, соопшти Министерството, додавајќи дека сите цели биле успешно погодени.

Претходно, украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 37 проектили и три беспилотни летала.

Украинската противвоздушна одбрана успеала да собори многу помалку проектили од вообичаеното и само осум проектили биле соборени, наведува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина