Русија ги конфискува пасошите на функционери за да ги спречи да бегаат објави Фајненшл тајмс

Од:

Руските безбедносни служби ги одземаат пасошите на високи функционери и директори на државни компании за да спречат патувања во странство, сето тоа поради паранојата за протекување информации и пребегнување што се шират низ режимот на претседателот Владимир Путин.

Со оглед на тоа што руската инвазија на Украина сè уште трае, безбедносните службеници ги заострија барањата за патување во државниот сектор, барајќи од некои високи личности и поранешни функционери да ги предадат патните документи, рекоа неколку луѓе запознаени со ова прашање, објави Фајненшл тајмс.

Зголемениот притисок го одразува длабокото сомневање на Кремљ и ФСБ, разузнавачката и безбедносната агенција што ја наследи КГБ, за лојалноста на руската цивилна елита, од кои многумина приватно се противат на војната во Украина и негодуваат од нејзиното влијание врз нивниот животен стил.

Портпаролот на Путин Дмитриј Песков потврди дека Русија ги зајакнала ограничувањата за патување во странство за луѓето кои работат во „чувствителни“ области: „Постојат построги правила за такви работи. Некои од нив се формализирани, а некои зависат од конкретната одлука и од конкретни вработени. Од почетокот на специјалната воена операција се посветува поголемо внимание на ова прашање“.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски