Русија: ЕП почна лов на вештерки

Од:

Русија денеска го обвини Европскиот парламент за „лов на вештерки“ поради одлуката на претседателот Мартин Шулц да го ограничи пристапот на рускиот пратеник Владимир Чижов.

– Почна ловот на вештерки. Имаме чувство дека европската бирократија понекогаш се враќа во времето на Светата инквизиција. А, потоа што ќе следи? Ќе има ли црковни судови за руските дипломати? Ќе бидат ли живи запалении во Брисел? напиша на Фејсбук портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи во руската Државна дума Константин Косачов апелира Русија да одговори на репресивните одлуки на Европската унија со симетрични или асиметрични мерки.

Шулц вчера објави дека ЕП одлучил да го огранични слободниот пристап во Парламентот на рускиот пратеник и на уште еден руски претставник, чиј идентитет не се наведува. Мерката е одговор на забраната за влез во Русија на 89 европски граѓани, кои ја критикувале политиката на Москва.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот