Русија е посткомунистичка држава предводена од воен злосторник, вели новиот полски претседател

Од:

Карол Навроцки, новоизбраниот претседател на Полска, во интервју за унгарскиот весник Мандинер изјави дека моментално не го поддржува влезот на Украина во Европската унија.

„Во моментов сум против влезот на Украина во Европската унија“, рече тој.

Во исто време Навроцки истакна дека Полска треба „да ја поддржи Украина од стратешки и геополитички аспект“.

Тој додаде дека Русија е најголемата закана за него и за целиот регион.

„Тоа е пост-империјална, посткомунистичка држава на чело со Владимир Путин, воен злосторник. Јас сум многу критичен кон Руската Федерација, каде што, патем, ме прогонуваат како претседател на Институтот за национално сеќавање. Ми се закануваат пет години затвор“, рече Навроки.

„Од една страна, ние мора да ја поддржиме Украина во нејзиниот конфликт со Руската Федерација, но Украина мора да разбере дека другите земји, вклучувајќи ги Полска и Унгарија и другите европски земји, имаат свои интереси. На пример, Полска има интерес да ги ексхумира жртвите на Волинија (трагедии, оп. а.).

За време на кампањата не се согласував и како претседател нема да се согласам на нелојална конкуренција со Украина во земјоделството или логистичкиот сектор. Треба да постигнеме компромис и консензус за овие прашања. Ја гледам Украина како земја која, иако е многу храбра во одбраната против Руската Федерација, мора да ги почитува и интересите на другите земји кои вообичаено ја поддржуваат Украина“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: „Сакаме овој конфликт да заврши што е можно поскоро“

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемија

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран