Русија е подготвена да воспостави контакт со раководството на Сириската слободна армија (ССА), вклучително за обединување на нивните напори во борбата против терористите со тие на владините сили, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува ТАСС.
– Согласно изнесениот став на рускиот претседател Владимир Путин, дека руската страна е подготвена по линија на Министерството за одбрана да дејствува за обединување на напорите на сириската армија со ССА во борбата против ИД и други терористички групи, вклучително во контекст на координација со дејствијата на руската авијација, истакна Захарова.
Според Захрова по наредба на Путин руското МНР ги информира партнерите во земјите кои имаат контакт со ССА, за подготвеноста на Русија да воспостави контакти со раководството на таа структура со цел да се разгледа можноста за нивно вклучување во работата за создавање на услови за почеток на процес на политичко уредување на сириската криза преку преговори меѓу власта и опозицијата.
Минисерството ќе продолжи контакт со сите страни на сириската опозиција со цел да помогне за нивна консолидација во таква платформа, изјави портпаролката на руското министерство.