Русија е подготвена да прифати сириски бегалци, но тие не пројавуваат интерес за неа

Од:

Русија е подготвена да прифати бегалци од Сирија и Либија, ако тие не ги прекршуваат нејзините закони, но граѓаните на овие земји во пракса не пројавуваат интерес за Русија, изјави шефот на руската Федерална миграциска служба Константин Ромодановски, цитиран од ТАСС.

Според него, од почетокот на годината во Европа преку Русија се префрлиле 182 Сиријци.

-Ние ги разгледуваме документите на оние кои ни се обраќаат со молба. Но сметам дека тука треба да се има предвид дека историски и од гледна точка на големата дијаспора и на интеграционалниот потенцијал, за Сиријците кои ја напуштаат земјата поприфатливи се земјите од Европа, а не Руската федерација, рече Ромодановски.

Би можело да ве интересира

Медведев: Неопходна е проценка на штетата предизвикана од колонијалните сили на другите земји

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

Путин: Некои сакаат да се вратат во времето на инвазијата на Наполеон, заборавајќи како таа заврши

Горан Наумовски

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна

Британец осуден на 19 години затвор во Русија, се бореше на страната на Украина

А1он

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас